Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора

Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата, кога се преврте воена цистерна со вода, јави порталот „Вијести“. Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Министерството за одбрана потврди дека, во координација со надлежните органи, се спроведува истрага за причините и околностите на несреќата.
Инаку, пожари сè уште се активни на повеќе локации – Подгорица, Бар, Будва, Бијело Поље, Никшиќ и Шавник. Во Буљарица се загрозени две куќи.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Миодраг Бешовиќ, потсети дека е побарана помош од Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и од Евроатлантскиот координациски центар на НАТО. Н1 јавува дека противпожарен авион од Хрватска веќе пристигнал и ќе гаси пожари во Чањ и Буљарица.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
