Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
Само една преставка која се однесува на изборниот процес пристигнала на адреса на Комисјата за спречување и заштита од дискриминација...Според првиот човек на Комисијата, таа се однесувала на повлечената листа на Движењето за национално движење на Турците за градот Скопје откако ДИК утврди дека на неа се наоѓа лице кое е починато. Дали била направена дискриминација Комисијата се уште утврдува.
Според Бејзароски во пораст е бројот на преставки до Комисијата кои се однесуваат на жените. Таков е последниот случај со преставката која на 17-ти месецов стигнала на адреса на Комисијата по објавените аудио снимки на кои се тврди дека се слуша актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари кој користи сексуални и понижувачки изрази кон жени вработени во општината.
Дали ќе биде отворен предмет за однесувањето на Дехари одлука ќе носи Комисијата на утрешната седница.
Но ова не е единствениот случај кој го бранува Кичево и Дехари во последните неколку години. Лани по итна постапка е одлучено дека направена е дискриминација врз ученици од турска припадност откако општината вработила наставничка која зборува само албански јазик, но не и турски ниту македонски јазик за децата да ја разберат.
Во 2021-та Комисијата утврдила директна повеќекратна и продолжена дискриминација по основ на етничка припадност и социјално потекло од страна на Дехари и комуналното претпријатие - Кичево кон Ромите од населбата „Бала маало“, поради ограничување на пристапот до вода.
Од почетокот на годината досега, повеќе од 450 претставки стигнале на адреса на Комисијата. 95 проценти од препораките што ги имаат дадено се спроведени, за останатите покренати се судски постапки коишто се во тек.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
