Македонија
25. May 2025 - 13:52

Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир

На 24.05.2025 во 05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 00.18 до 04.40 часот во обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила и погоден алат одзело осум кеш бокса, при што ги оштетил сите апарати, а исто така одзел и сеф кој бил под работниот пулт.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.