Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија

Едно лице загина во руски напад со беспилотно летало на првата линија на фронтот во регионот Доњецк, непосредно пред истекот на примирјето прогласено по повод православниот Велигден, соопшти украинската полиција.
Според полицијата, на 12 април, во напад со ФПВ-дрон (FPV) врз градот Дружкивка загинало едно лице, а бил оштетен и автомобил. Во одвоен напад врз Краматорск во 01:46 часот по локално време, едно лице загинало, а друго е повредено. Гувернерот на Доњецката област претходно соопшти преку Телеграм дека во текот на 12 април во регионот загинале вкупно две лица.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за прекршување на 32-часовното примирје, кое беше во сила од саботата попладне до недела на полноќ. Украинскиот Координативен штаб за постапување со воени заробеници соопшти дека за време на „таканареченото велигденско примирје“ руски војници стрелале четворица украински воени заробеници во регионот Харков.
Генералштабот на украинската армија соопшти дека регистрирал повеќе од 10.000 руски прекршувања на прекинот на огнот, вклучително 1.567 артилериски напади, 119 јуришни операции и 9.035 напади со дронови. Од руското Министерство за одбрана, пак, соопштија дека забележале 6.558 случаи на прекршување на примирјето од страна на украинските сили.
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
