Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар

На 21.03.2026 околу 21:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61), соопшти МВР.
Во 21:48 часот е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет, а во 22:25 часот дека во казино на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената се обидело да го одземе прометот, но не успеало во намерата, по што се дало во бегство. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителот.
Ново на Сител
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
