Ефективен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој усмрти пешак и избега
Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ, 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје - Скопје, информираше попладнево Кривичниот суд.
Одлуката следува по жалбата од Обвинителството за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл, за кој Основното јавно обвинителство Скопје на 4 јули отвори истражна постапка, а го сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Од Обвинителство, исто така, информираа дека кај нив лицето е евидентирано со една пресуда за насилство како малолетник и една за непочитување на здравствени прописи во време на ковид-кризата.
Осомничениот, како што претходно објави Обвинителството, на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел, по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
-Иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, осомничениот се согласил со нејзино настапување и кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото, информира ОЈО Скопје.
За осомничениот Обвинителство бараше притвор поради тоа, како што велат, избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен, што за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода. Освен тоа, како што велат од ОЈО Скопје, станува збор претходно осудувано лице, кое и на критичниот ден направило две кривични дела едно по друго, што упатува на опасноста тој да го повтори делото или да стори друго кривично дело.
Ново на Сител
-
Гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков
-
Ефективен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој усмрти пешак и избега
-
Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
-
Грција: Девојка се онесвестила откако ја запросиле, лекарите констатирале мозочно крварење
-
Две жени се степале на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче
-
17-годишен битолчанец со автомобил удрил велосипедист и тешко го повредил
-
Гаши вети: Оваа година без молење во Собранието на седницата за Сребреница