ЕК ја продолжува постапката против Бугарија поради правилата за правна помош

Европската комисија соопшти дека ги продолжува прекршочните постапки против Бугарија и Полска, а покренува постапка и против Португалија поради нецелосно транспонирање на европските правила за правна помош, јави БТА.
Во соопштението се наведува дека трите држави не ги примениле правилно одредбите на ЕУ што се однесуваат на правната помош за осомничени и обвинети лица во кривични постапки.
Европското законодавство обезбедува заштита на основните права на осомничените и обвинетите, вклучително и на лицата кои се бараат со европска потерница за апсење.
Според Европската комисија, во Бугарија и Полска пристап до правна помош им се обезбедува само на лицата против кои е поднесено официјално обвинение, но не и на осомничените за сторено кривично дело.
Таквата практика е спротивна на опфатот на европските правила, се наведува во соопштението.
Комисијата ја започна постапката против Бугарија во ноември 2025 година, а денеска го презеде следниот чекор во процедурата.
Засегнатите држави имаат рок од два месеца да одговорат и да ги отстранат утврдените недостатоци. Доколку одговорот не биде задоволителен, Европската комисија може да одлучи да ги упати Бугарија и Полска пред Судот на Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
