ЕК започна истрага против четири порно сајтови поради неефикасна заштита на малолетниците

Европската комисија денеска соопшти дека започнала истрага против четири порно сајтови – Порнхаб, Стрипчет, Икс-Ен-Икс-Икс и ИксВидеос поради сомнеж за недостиг на ефикасна заштита на малолетниците, посебно во врска со непостоењето на системи за верификација на возраста на корисниците, како што е предвидено со Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА).
Онлајн просторот треба да биде безбедна средина за децата за да можат да учат и да се поврзуваат. Наш приоритет е да ги заштитиме малолетниците и да им овозможиме безбедно да се движат онлајн, порача извршната потпретседателка за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен по повод почетокот на истрагата.
Според неа, Европската комисија е решена, заедно со координаторите за дигитални услуги во земјите членки на ЕУ, да се справи со секое потенцијално штетно влијание врз младите онлајн корисници.
Комисијата подетално ќе испита дали четирите порно онлајн платформи работат во согласност со правилата на ЕУ за гарантирање безбедност и сигурност на малолетниците, имајќи предвид дека постојат сомнежи оти системите за верификација на возраста на овие сајтови не се во согласност со ДСА.
ЕК, исто така, се сомнева дека порно сајтовите не ги почитуваат мерките за проценка на ризикот насочени кон заштита менталната и физичката благосостојба на децата.
Деталната истрага ќе биде спроведена како прашање на приоритет, соопшти Еврокомисијата.
Покрај истрагата против овие четири сајтови, кои според ДСА имаа статус на „големи онлајн платформи“ бидејќи месечно имаат на 45 милиони корисници од ЕУ, ЕК во координација со земјите членки ќе преземе и мерки за заштита на децата и од помалите порно онлајн страници.
За таа цел, Комисијата најави дека до крајот на следната година ќе изработи универзална алатка за верификација на возраста на корисниците, што ќе мора да ја користат сите онлајн сајтови во ЕУ.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа
-

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца
-

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
-

До крајот на неделата сончево, максималната температура над просекот
-

Затекнати 14 малолетници во локал после полноќ, приведена 45-годишна жена која го изнајмила просторот во Куманово
-

Еден во кома: Неколку млади Белгијци хоспитализирани по пушење е-цигари од „домашно производство“
-

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум
-

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај
