Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми

Стотици илјади луѓе денеска протестираа во главниот град на Чешка, Прага против планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми.
Организатор на протестите е асоцијацијата „Милион моменти за демократија“, според која на демонстрациите присуствувале од 350.000 до 450.000 луѓе. Голем број граѓани утрово пристигнале во Прага за протестот од другите чешки градови.
Чешката новинска агенција (ЧТК) објави дека доколку е точна бројката на демонстранти, тоа би бил најголемиот собир по Кадифената револуција од 1989 година, што доведе до демократска транзиција во Чехословачка.
Чешката полиција не соопшти бројка на демонстранти, истакнувајќи оти нема воспоставено таква пракса.
Демонстрантите носеа транспаренти „Тргнете ги рацете од медиумите“, „Слободата не смее да се зема здраво за готово“ и „Дали Бабиш сака телевизија под државна контрола? Тогаш нека оди на Исток“.
Владата на Андреј Бабиш, која е на власт од декември минатата година, сака јавната телевизија и радиото да се финансираат директно од државниот буџет, наместо преку претплата. Соодветниот предлог-закон веќе го помина првото читање во Долниот дом на Парламентот.
Предлогот, исто така, вклучува намалување на вкупните средства за околу 15 отсто.
Критичарите ја обвинуваат владата дека со реформата се обидува да изврши влијание врз програмската содржина и кадровските одлуки во јавните медиуми.
Неодамна, студенти и универзитетски професори исто така протестираат против предложените реформи. Покрај тоа, повеќе од 2.000 студенти и дипломирани новинари потпишаа отворено писмо во кое изразуваат загриженост за иднината на Чешката телевизија и Чешкото радио.
Претходно беше објавено дека Европската комисија ги следи случувањата во Чешка. Според Европскиот закон за слобода на медиумите, земјите членки на ЕУ се обврзаа да ја гарантираат независноста во работењето на јавните медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
