-->
-->
Експлозии во Ормуската Теснина: Два танкери налетале на мини, уште шест се запалиле
-->

Два нафтени танкери налетале на морски мини во Ормуската Теснина, што предизвикало експлозии, соопшти денеска Иранската револуционерна гарда. Информацијата ја пренесоа иранските државни медиуми.
Во соопштението се наведува дека ова не се единствените инциденти во стратешки важниот пловен пат.
Според Револуционерната гарда, во одделни инциденти во текот на вчерашниот и денешниот ден се запалиле уште шест танкери.
Ормуската Теснина е една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта, поради што ваквите инциденти дополнително ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на пловидбата и снабдувањето со енергенси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
-

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
-

Променливо облачно со локален дожд, од понеделник пораст на температурите
