Македонија
22. December 2022 - 12:18

Експресниот пат Штип - Кочани ќе се пушти во употреба следната недела

Експресниот пат Штип – Кочани под времен режим се пушта во употреба наредната недела. 

Постоечкиот регионалниот пат, кој се користи во моментов, треба да биде рехабилитиран. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека одговорност на изведувачот е патиштата кои се користат додека се гради новиот експресен пат да бидат вратени во правобитна состојба. Новата делница е со должина од 28 км. Ова е најголем капитален проект во источниот регион за кој се издвоени 40 милиони евра.

-Очекувам многу посилен економски раст и развој на источниот регион со пуштањето на овој патен правец, очекувам зголемување на безбедноста на многу повисоко ниво од она што беше до денеска и патните правци кои беа заборавени и по кои патуваа граѓаните, а беа слика на минатиот век денеска повеќе таа состојба ја менуваме и денеска имаме комплетно нова слика на патната инфраструктура, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Бочварски најави и дека Министерството за транспорт и врски распиша повик за изградба и рехабилитација на четири локални патишта во Свети Николе во вредност од 30 милиони денари.