Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
Распоред на часови и наставници за минута-две, вежби, тестови за конкретен предмет, интерактивни предавања... Ова се дел од придобивките на вештачката интелигенција кои од септември ќе почнат да се применуваат во средните училишта во Македонија. Нема да биде дел од наставната програма, но ќе се користи како теми кои ќе бидат дел од наставата во слободните изборни предмети и други училишни активности. Министерката за образование најави обуки на наставниците пред почетокот на учебната година за да оваа современа и практична алатка правилно се користи. Со тоа децата ќе мислат и ќе развиваат креативност.
- Децата веќе користат вештачка интелигенција, но треба да ги научиме правилно да ја користат, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Од септември децата после повеќе години ќе имаат и учебници за странски јазици. Министерката ги покажа првите примероци за англиски и германски и најави дека до петок ќе има книги за останатите јазици. Таа уверува дека на 1 септември ќе ги има сите учебници.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар