-->
-->
ЕЛ: Старт со пораз на Е. Пелистер
-->

Македонскиот претставник во ракометна Европа, Еурофарм Пелистер со пораз од Архус со 30-27 ги започнаа натпреварите во елитното натпреварување.
Се чини дека се беше решено во првото полувреме кога гостите до Данска направија предност од 16-12 и знаеја да ја сочуваат во вториот дел.
Домаќинот имаше добри моменти во првите 20-тина минути од средбата но во продолжението го менуваше ритамот што гостите го користеа да ја одрат предноста и да дојдат до победата.
Најефикасни кај Пелистер со по пет гола беа Хосни и Хенеберг, а крилата Кузманоски и Костески постигнаа по четири погодоци. Во гостинскиот тим со 11 гола прв стрелец беше Вест Ав Тејгум.
Во следното коло Пелистер гостува кај Агуаш Санташ во Португалија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
