-->
-->
Енди Мареј го одигра последниот натпревар во кариерата
-->
Енди Мареј ја заврши кариерата. Последниот меч му беше вечерва во четвртфиналето во двојки на Олимпијадата во Париз, во кое заедно со Ден Еванс загубија од Тејлор Фриц и Томи Пол - 2:6, 4:6.
Триесет и седумгодишниот Британец е поранешен светски шампион, трикратен победник на Грен слем и двократен олимписки шампион. Тој е единствениот кој ја одбрани олимписката титула во сингл, а единствениот двократен победник во сингл.
Во текот на својата кариера, Мареј освои 46 титули на АТП, вклучувајќи и 14 „Мастерс“. Тој беше на врвот на АТП листата 41 недела.
Покрај тоа, Мареј е носител на трофејот од Девис купот во 2015 година во репрезентацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
