Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го сподели своето мислење за ривалот пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал.
- Мислам дека заслужија да ја освојат Премиер лигата – имаа брилијантна сезона. Игравме против овој тим на Арсенал минатата сезона, па знаеме што се способни. Без топка, тие се најдобриот тим на светот, а со топка можат да постигнат многу голови. Тоа е одлична комбинација за нив. Логично е дека тие се наши противници во финалето. Можеме да се радуваме на навистина одлично финале. Гледајќи ја статистиката на Арсенал, јасно е дека Микел Артета е лидер како тренер, всадувајќи победнички менталитет во тимот. Тие се подобруваат веќе неколку сезони, изјави Енрике.
Оваа година Арсенал ја освои англиската Премиер лигата и обезбеди финалето на Лигата на шампионите, а минатата година беа во запрени во полуфиналето.
Финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал ќе се одржи на 30 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
МИА
Ново на Сител
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
