„Енвидија“ нема да го врати Џенсен Хуанг на функцијата извршен директор

Американската технолошка компанија „Енвидија“ (Nvidia) нема намера да го врати на должност поранешниот извршен директор Џенсен Хуанг, изјави синоќа претседателот на Управниот одбор, Харви Џоунс.
„Тој поднесе оставка откако се појавија обвинувања за однесување што е неспојливо со кодексот на однесување, стандардите и културните норми на компанијата. Управниот одбор едногласно ја прифати неговата оставка и нема намера да го врати Џенсен на функцијата извршен директор“, изјави Џоунс во првиот негов коментар по однос заминувањето на Хуанг.
Инвеститорите како да не пројавија голема загриженост, така што акциите на „Енвидија“ продолжија да растат во вонберзанското тргување во САД.
Нивниот раст се зголеми на над три отсто, од околу два отсто претходно, откако компанијата објави силни квартални резултати.
Хуанг поднесе оставка во четвртокот, по обелоденувањето информации за вонбрачни врски, меѓу кои и една со кинеската бизнисменка Алис Хуанг и две вработени во „Енвидија“.
Американските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат колкава е поврзаноста на Алис Хуанг со кинеското Министерство за државна безбедност и какви информации евентуално му пренела на Пекинг.
Џенсен Хуанг е еден од основачите на „Енвидија“ и ја раководеше компанијата речиси три децении.
МИА
Ново на Сител
-

Градоначалникот на Скопје даде отчет за сработеното за првата година од мандатот
-

Протест на Форум на жени на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Спасов, универзитетски професор
-

Се прават напори родителите на предвремено родените бебиња да добиваат еднократна парична помош од државата
-

Мерка притвор од 30 дена за Кристијан Корабоски
-

Сиљановска: Мора да преземеме нешто против насилството врз жените
-

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа – Македонски криминалци подготвувале атентат во Грција
-

35 години Устав – Од историски темел до денешните предизвици
