Македонија
28. December 2018 - 16:48

Епидемијата на морбили се шири

Морбилите се раширија и надвор од Радишани. Во Институтот за јавно здравје потврдени се уште 2 нови случаи со мали сипаници. Заразени се 2,5 годишно дете од Куманово и жена на 32 годишна возраст од Шуто Оризари. Не биле вакцинирани со МРП и немале контакт со претходно заболените 7 лица од кои 6 деца од градинката Ташко Караџа. Епидемиолозите од кумановскиот и скопскиот Центар испитуваат дали има и други жаришта на морбили во земјава.

По алармантната бројка од 15.000 невакцинирани деца само во Скопје, министерот за здравство најави дека категорично ќе бара без примени вакцини да не се вршат уписи во градинка и училиште. Но дали ова ќе се реализира треба да каже мултисекторската група од здравство, образование и труд и социјала кои бараат решение преку усогласување на законската регулатива.