Епидемијата од морбили продолжува-за Велигден 5-мина заболени хоспитализирани
Млада пациентка заразена со морбили се бори за живот и е на апарати за дишење на Инфективна. Во тешка состојба се уште тројца заболени, информираа од министерството за здарвство. Вчера на Клиниката лекарска помош побарале 8 лица, а 5 од нив поради компликации биле хоспитализирани. Во моментот во установата на болничко лекување имаат 35 пациенти. Епидемиполозите предупредија дека малите сипаници и понатаму ќе се шират бидејќи во земјава сеуште има над 22.000 невакцинирани деца до 14 години.
И според Европската комисија последните години бројот на заболени од морбили е за трипати зголемен во ЕУ. Но, последното истражување на Евробарометар покажа загрижувачки резултати за информираноста на населението за вакцините како единствена превенција за многу заразни болести.
Само 37 отсто од Младите во Европа сметаат дека морбилите се смртоносни.
Иако мнозинството европски граѓани сметаат дека имунизацијата е важна, речиси половината мислат дека вакцините имаат несакани ефекти, а дури една третина веруваат дека ја предизвикуваат болеста против која се вакцинираат.
Според студијата од членките на ЕУ најлошо информирани за вакцините се граѓаните во Бугарија, Кипар и Летонија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
