Епидемиолозите апелираат вакцинацијата за сезонски грип да започне порано
Наместо во октомври или почетокот на ноември вакцинацијата за сезонски грип да започне порано, апелираат епидемиолозите. Според доктор Сашко Олумчев најдобро е да се следи примерот на другите европски држави и овој тип на имунизација да започне од средината на септември. Според него на тој начин вакцината ќе има доволно време да го даде посакуваниот ефект и да ги заштити пред се возрасните и хронично болните пациенти.
Во делот на корона вирусот доктор Олмчев смета дека ќе имаме мирна и стабилна есен бидејќи најголемиот дел од граѓаните веќе го прележале вирусот со што е направена добра основа за еден вид колективен имунитет.
Проблеми не очекува ниту кога е во прашање стартот на учебната година бидејќи повеќето ученици го поминале вирусот асимптоматски.Не ја исклучува можноста за појава на одредена бројка на позитивни уленици, но тоа според него не е причина за воведување на некои посебни епидемиолошки мерки. Единствената препорака е проветрување на просториите и маски на доброволна основа за повозрасните кога ќе се најдат во поголема група граѓани.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар