Македонија
8. January 2022 - 16:38

Епидемиолозите предупредуваат - реалната бројка на новозаразени е многу поголема од дневната статистика

Новиот бран  веќе е  присутен, а реалната  бројка на нови случаи со корона вирусот е многу поголема во однос на  дневните извештаи, смета епидемиологот Сашко Олумчев. Ваквиот став тој го темели на искуствата од дневната пракса кои покажале дека резултатите од голем број тестови не се референтни бидејќи многу од граѓаните сакајќи да превенираат истите ги правеле пред време или пак во домашни услови со што се добивале нереални резултати.

Според доктор Олумчев дополнителен проблем во овој период претставува и мешањето на симптомите кои даваат различна клиничка слика.

И покрај тоа што најголемиот дел од новите случаи имаат потреба само од амбулантско лекување секојдневниот раст на бројките може повторно да биде  причина и  за оптеретување на здравствениот систем и сериозен проблем кога се прашање болничките и кадровските капацитети. За не дојде до тоа лекарите апелираат на максимална одговорност од сите и почитување на општите мерки за заштита, посебно во овие празнични денови.