Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар

Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар.
- Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, пријавува епидемија на ниво на подрачјето на Општина Гостивар, рече д-р Зорица Зафироска епидемиолог.
Таа информираше дека последниве денови е зголемен бројот на заболени. Во последните 24 часа, според информациите од Општата болница Гостивар, на преглед на инфективно одделение се јавиле 204 пациенти, од кои тројца се болнички лекувани. На педијатриското одделение се јавиле 140 пациенти, од кои 105 деца се нови пациенти, а 35 се контролни прегледи, и 9 пациенти побарале помош во Ургентниот центар.
Зафироска кажа дека не е познат причинителот и од каде доаѓа, а дека се во тек анализи и испитувања.
- Сè уште не го знаеме изворот на заразата и причинителот уште ни е непознат. Во тек се испитувањата и чекаме резултати да видиме за што се работи. Редовно ја следиме состојбата, редовно спроведуваме епидемиолошки увиди, ги анкетираме заболените пациенти и за сè ќе бидете дополнително информирани, изјави Зафировска.
Во врска со случајот околу можноста водата од градскиот водовод да е намерно загадена се работи и во Основното јавно обвинителство Гостивар. Оттаму наведуваат дека се во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод.
Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
