Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп синоќа телефонски разговараа за билатералните врски и за регионалните и глобалните прашања, соопшти турската дирекција за комуникации.
Како што пренесе Анадолија, Ердоган му рекол на Трамп дека Турција „внимателно“ ги следи настаните во Сирија и дека единството, солидарноста и територијалниот интегритет на Сирија се „важни“ за Анкара.
Лидерите разменија мислења и за борбата против ИСИС и ситуацијата со членовите на ИСИС во сириските затвори.
Ердоган изјави дека „мирна Сирија, ослободена од тероризам и која се развива во сите аспекти, би придонела за стабилноста на регионот“, соопшти Дирекцијата.
Турција ќе продолжи да дејствува во координација со САД по прашањето за мирот во Газа, му порача Ердоган на Трамп, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател за поканата во „Одборот за мир“.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
