ЕСА објави нови фотографии од Марс

Орбитерот „Марс експрес“ којшто ѝ припаѓа на Европската вселенска агенција (ЕСА) објави нови фотографии од Марс.
Сателитот орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина Утопија Планитија, која се наоѓа во поголемата област Утопија – на северната полутопка на „Црвената Планета“. Рамнината е двојно поголема од Земјината пустина Сахара и е претежно покриена со мраз.
„Најновите снимки испратени од орбитерот ‘Марс експрес’ на ЕСА покажуваат две бразди во кората на Марс кои се дел од моќниот систем на кањонот Валес Маринерис“, соопшти ЕСА.
Валес Маринерис е споредуван со американскиот Голем Кањон, со тоа што САД се многу помали од Марс. Овој кањон е долг вкупно 4.000 километри, широк 200 километри и длабок до седум километри, што значи дека е десет пати подолг, 20 пати поширок и пет пати подлабок од Големиот Кањон. Всушност, Валес Маринерис се смета за најголемиот систем кањони во Сончевиот систем и се верува дека е формиран со одвојување тектонски плочи.
На новите фотографии јасно се гледаат два кањони од западот на Валес Маринерис, лево (југ) е Харизма со должина од 840, а десно (север) е Титониум Часма долга 805 километри. Фотографиите со висока резолуција ја прикажуваат површината подробно, па можно беше да се дознае и колку се длабоки кањоните – околу седум километри.
Сликите покажуваат и други карактеристики, вклучително и песок што можеби дошол од блиското вулканско подрачје Тарсис – планинска верига што се издигнува до 3.000 метри височина, а содржи сулфатни минерали и тука имало неодамнешно лизгање на земјиштето. Фотографиите беа објавени во различни бои и нијанси, а секоја покажува различни одлики на богатата површина на планетата.
Орбитерот претходно откри и ледени езера под површината на Марс, а ЕСА очекува уште повеќе од своето софистицирано летало.
Ново на Сител
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун


