Бизнис
28. December 2022 - 16:37

ЕСМ почна да склучува договори за снабдување со гас, Макпетрол реагира на договорот со бугарската фирма

Компаниите лоцирани во зоните нема да останат без енергенс. ТИРЗ потпиша нов договор за снадбуавање со природен гас со ЕСМ продажба што ќе биде по цена пониска за 40%.

Договорот следи откако вчера ЕСМ објави  дека на тендер избрале бугарска фирма која понудила најниска цена. Се работи за фирмата Балкан Јутилитис која понудила 115,97 евра за мегават час, што е за помалку од едно евро поевтина од Макпетрол пром гас досегашниот сндбувач на АД ЕСМ а третиот понудувач немал комплетна понуда. 

- Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023 година.

Од Макпетрол реагираат дека  се работи за штетен договор а тие можеле да дадат и подобра пониуда.

- Точно е дека сумата што „Макпетрол“ ја понуди не е фиксирана, меѓутоа, проценките се дека гасот во следниот период ќе биде поевтин, што значи дека цената на македонската компанија многу веројатно ќе биде пониска од таа на бугарската. Впрочем, тоа го знае и „ЕСМ продажба“, бидејќи претходно набавуваше гас за период од 15 дена со цел да се обезбеди што подобра цена. Тука се поставува прашањето како пред јавноста ќе се оправда овој договор, доколку цената што „Макпетрол“ би ја понудил биде пониска за јануари, но и за следните четири месеци, односно до 1 мај, до кога е објавено дека важи новиот договор, велат од Макпетрол.