Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија

Тројца руски граничари вчера илегално преминале на територијата на Естонија, соопшти естонското Министерство за надворешни работи.
Министерството наведе дека службениците ја преминале контролната линија меѓу Естонија и Русија на еден насип на реката Нарва. Тие пристигнале на локацијата со ховеркрафт, се движеле пеш долж речната бариера, а подоцна се вратиле во своето возило и преминале назад на руската страна.
Естонските власти објавија и видеоснимка од надзорна камера која го документира инцидентот, што се случил во близина на селото Васкнарва.
Естонскиот министер за внатрешни работи, Игор Таро, изјави дека мотивите на руските граничари се нејасни.
- Немаше непосредна закана за безбедноста, но полицијата и граничната служба значително го зголемија своето присуство и патролите, изјави тој за естонската телевизија.
Како одговор на инцидентот, закажан е состанок меѓу претставници на граничните служби на двете земји. Естонија, која е членка на ЕУ и НАТО, исто така најави дека ќе го повика вршителот на должности во руската амбасада во Талин и ќе побара официјално објаснување за настанот.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
-

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава
-

Мицотакис: Не ни треба посредник во разговорите со Турција
-

Руте греши во врска со европската одбрана, сметаат аналитичарите Девеса и Алесандри
-

Маск го спои „Спејс-Икс“ со компанијата „Икс-А-И“
-

Приведени осум возачи, управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка
-

На тренерот и играчите на Ал-Наср им е забрането да разговараат со новинари поради ситуацијата со Роналдо
