ЕУ одобри воведување санкции против Иран поради затворање на Ормуска Теснина

Советот на Европска Унија одобри воведување санкции против Иран поради затворањето на Ормуска Теснина.
Одлуката предвидува проширување на опсегот на санкциите првично предвидени за иранската помош на Русија во војната против Украина и за вооружените групи на Блискиот Исток и регионот на Црвено Море.
Дополнителните санкции ќе бидат воведени врз поединци и субјекти вклучени во дејствијата и политиките на Иран против слободата на пловидба на Блиски Исток.
Дејствијата на Иран против бродовите што транзитираат низ Ормуска Теснина се спротивни на меѓународното право. Ваквите дејствија ги кршат утврдените права на транзит и мирно поминување низ меѓународните теснини, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Европските санкции ќе вклучуваат забрана за патување во ЕУ и транзит, замрзнување на средства и забрана за примање средства од европски извори.
ЕУ првично воведе санкции врз Иран поради неговата поддршка на Русија во војната во Украина во јули 2023 година, а пред еден месец Европскиот совет одлучи дополнително да го прошири опсегот на овие мерки.
МИА
Ново на Сител
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
-

Директорот на „Енвидија“ признал неверство, неговата љубовница кинеска шпионка
-

Почина масовниот убиец од Краков: Усмрти шест лица, а рани уште 15
-

Европа годинава е на врвот во купувањето електрични возила
-

Ирак постигна договор со САД за извоз на нафта преку Ормуската Теснина
