ЕУ со нов 17. пакет санкции против Русија

Европската Унија усвои нов пакет-санкции против Русија поради војната во Украина, насочени кон руската флота во сенка, хибридните закани и кон кршењето на човековите права, потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
Калас во објава на платформата „Икс“ напиша:
„ЕУ го одобри својот 17-ти пакет-санкции против Русија, кој вклучува речиси 200 брода од флотата во сенка. Новите мерки се однесуваат и на хибридни закани и на кршење на човековите права. Новите санкции се во подготовка. Колку подолго Русија води војна, толку посилен ќе биде нашиот одговор“, напиша таа.
Што вклучува 17-тиот пакет-санкции?
Цел на 200 брода од таканаречената флота во сенка, која се користи за заобиколување на меѓународните ограничувања за извоз на руска нафта;
Санкции поврзани со хибридни закани, вклучувајќи сајбер-напади, дезинформации и напади на критична инфраструктура во земјите на ЕУ;
Мерки против поединци и субјекти поврзани со кршење на човековите права во окупираните територии на Украина и во самата Русија.
И Велика Британија претходно денес воведе 100 нови санкции кон Русија, насочени кон воениот сектор, енергетиката и финансиските институции.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
