Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Алкалоид со 33-20 (16-11) во дерби натпреварот од 19 коло во македонската Суперлига кое вечерва се одигра пред полни трибини во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Со овој триумф актуелниот македонски првак му се реваншираше на составот предводен од Кирил Лазаров за поразот од седум голови разлика на првиот натпревар во Скопје во ноември лани и на три кола до крајот од регуларниот суперлигашки дел го презеде водството на табелата од Алкалоид.
Доколку очекувано триумфира на преостанатите натпревари, Еурофарм Пелистер ќе пренесе во плејофот максимални три бодови, еден повеќе од главните конкуренти во битката за титулата Алкалоид и Вардар 1961.
Најефикасен во редови на победнилкиот тим беше Филип Кузмановски со 11 голови, а голмнот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски го заврши натпреварот со 12 интервенции.
Ново на Сител
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер
-
Нема владини мерки против високите цени, се бара долгорочно решение