Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра

Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра.
Со докапитализацијата, вкупниот капитал на Еуролинк осигурување достигнува 1,26 милијарди денари (20,5 милиони евра), што претставува значително зајакнување на веќе исклучително стабилната капитална позиција на компанијата.
Со овој чекор, Еуролинк осигурување располага со капитал кој е 6,8 пати повисок од законски пропишаниот гарантен фонд и 5,5 пати повисок од потребното ниво на солвентност, што ја вбројува меѓу капитално најстабилните осигурителни компании на пазарот. Новото капитално зајакнување е стратешка одлука насочена кон идни инвестиции, развој на нови деловни можности и проширување на присуството на компанијата во нови сегменти на финансискиот пазар.

„Ни претставува особена чест што нашиот акционер ГРАВЕ продолжува да го препознава потенцијалот на македонскиот осигурителен пазар и преку Еуролинк осигурување ја реализира својата стратегија за понатамошно зајакнување и развој на своето присуство во земјата. Оваа инвестиција претставува потврда за довербата што нашиот акционер ја има во Еуролинк осигурување и во тимот на компанијата. Особено сме горди што новата докапитализација доаѓа во период кога компанијата веќе има исклучително високо ниво на капитална адекватност и солвентност. Тоа ни дава дополнителен потенцијал за инвестирање, иновации и понатамошен раст во интерес на нашите клиенти и партнери“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
„Како меѓународна осигурителна групација, ГРАВЕ ги насочува своите инвестиции кон пазари на кои препознава долгорочен потенцијал и стабилни партнери. Македонскиот пазар е еден од тие пазари, а Еуролинк осигурување е компанија која низ годините потврди дека има експертиза да создава вредност, да расте одржливо и да ја оправда довербата на своите акционери. Оваа докапитализација е дел од нашата долгорочна стратегија за развој во регионот и претставува инвестиција во идните можности на македонскиот финансиски пазар“, изјави Клаус Шајтегел, претседател на Одборот на директори на групацијата ГРАВЕ и претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување.
Со силна поддршка од групацијата ГРАВЕ и јасна развојна стратегија, Еуролинк останува фокусиран на унапредување на услугите, дигитализација на процесите и создавање современи осигурителни и финансиски решенија прилагодени на потребите на клиентите. Компанијата ќе продолжи да ја зајакнува својата пазарна позиција и да придонесува кон развојот на финансискиот сектор во Македонија.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
