Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев
Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Финска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во заедничко соопштение во врска со решавањето на украинската криза, нагласија дека остануваат посветени на принципот дека меѓународно признатите граници не можат да се менуваат со сила и дека сегашната линија на раздвојување треба да претставува почетна точка за преговори.
Лидерите рекоа дека „патот кон мирот“ во Украина не може да се одреди без учество на Киев и дека преговорите можат да се водат исклучиво во услови на прекин на огнот или намалување на непријателствата.
„Убедени сме дека само сеопфатен пристап кој ги обединува активната дипломатија, континуираната поддршка за Украина и притисокот врз Руската Федерација за прекин на војната може да донесе резултати“, се наведува во заедничкото соопштение.
МИА
Ново на Сител
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“