Македонија
13. August 2025 - 16:34

Еразмус плус тема за партиски препукувања

СДСМ и денеска обвинува дека новата директорка на ЕРАЗМУС+ е под активна истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами. Според опозицијата, ова е голем пораз за образовенниот систем затоа што целосно ја урива довербата на младите во институциите. 

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека СДСМ имале можност 7 години да проверат и да расчистат ако имало криминал. Доколку имало нешто спорно во Агенцијата Еразмус +, тие не само што ќе ги затвореа луѓето, туку и ќе ги снимаа и омаловажуваа како Гордана и Миле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.