-->
-->
Ф1: Ферстапен победи во Тексас, Ред Бул ја обезбеди титулата
-->
Светскиот првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул, ја освои Големата награда на САД триумфирајќи на патеката во Остин.
Ферстапен, кој и пред трката во Тексас ја обезбеди шампионската титула мина прв низ целта пред седумкратниот светски Луис Хамилтон во Мерцедес и Шарл Леклер (Ферари).
За Ферстапен ова беше 13 победа сезонава во 19. трка, а вкупно 33 во кариерата.
Ферстапен одбраната на титулата ја обезбеди уште пред две недели во Јапонија, а во Остин тоа му успеа на Ред Бул, кој ја потврди титулата во конструктори, петта во историјата.
Триумфот на Ред Бул и победата на Ферстапен дојдоа ден откако сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, почина на 78 – годишна возраст по долго боледување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
