-->
-->
Ф1: Расел најбрз на слободниот тренинг пред ГН на Лас Вегас
-->

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше најбрз на денешниот втор слободен тренинг пред Големата награда на Лас Вегас во Формула 1.
Првиот слободен тренинг беше откажан поради обилни врнежи од дожд, додека вториот се одржа на влажна патека, a Расел беше најбрз со време од 1:47,272 минути, 0,071 секунди пред возачот на Алпин, Пјер Гасли.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана 0,333 секунди зад Расел, додека четвртопласираниот возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, имаше заостанување од 1,135 секунди.
Новиот шампион во Формула 1, Андреа Кими Антонели (Мерцедес), заврши на осмото место.
Квалификациите се на програмата в сабота од 17:00 часот, а трката е в недела во истиот термин.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изби пожар на вториот спрат во Болницата „8 септември“ - пациентите евакуирани од Одделот за ортопедија
-

Ново вештачење на судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

МВР со предупредување до родителите: Препознајте ја опасноста од групата „764“ - заштитете ги децата
-

СДСМ поднесе 225 амандмани на буџетот за следната година
-

Левица: Се кратат пари од граѓаните за сметка на парите предвидени за НАТО
-

Одбележан Светскиот ден на детето
-

Законот за плажи до новата туристичка сезона
-

Се очекуваат нови вработувања поголеми блок дотации од државата за Домот за стари лица во Прилеп
