-->
-->
Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-->

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 4:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Ј.П. (43) од Скопје, баран по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово.
Како што информираат од МВР, Ј.П. е лишен од слобода по претходна пријава дека на 16.01.2026 околу 21:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел мобилен телефон од 23-годишна девојка од Скопје, при што е утврдено и дека Ј.П. се бара по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово.
Телефонот е вратен на оштетената, а Ј.П. е вратен во Затвор Идризово и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
