Фатени шверцери на дрога од Албанија
1.900 евра за килограм марихуана плаќала организираната група која падна во рацете на полицијата. Од Албанија ја носеле на црниот пазар во Скопје, каде ја препродавале по неколкупати повисока цена. Тројца скопјани, еден стружанец и снабдувачот од Албанија се осомничени од полицијата. Во возило Поло на наплатната рампа Тетово била пронајдена црна вреќа полна со марихуана.
Возачот добил триста евра да ја пренесе од Ќафасан до Скопје. До Кичево имал придружба која возела пред него за да го предупредува, а оттаму до Тетово патува сам.
- Околу 20,00 часот истиот ден, на наплатната рампа Тетово на регионалниот пат Гостивар-Тетово од страна на полициска патрола од Полициско Станица за Тетово, било сопрено возилото, управувано и сопственост на третопријавениот. Под сомнение дека со возилото се транспортира наркотична дрога од страна на полициските службеници извршен е преглед и контрола и притоа во багажниот простор пронајдена e црната најлонска вреќа исполенета со растителна материја. Со потврда за привремено одземени предмети биле одземени најлонската вреќа, ПМВ и два мобилни телефони, вели Деана Недељковиќ портапрол на МВР.
Полицијата привела тројца членови на групата. Снабдувачот од Албанија бил пронајден во Охрид, заедно со посредникот од Струга, а двајцата организатори од Скопје се уште се во бегство. По поднесената кривична пријава на тројцата приведени судија на претходна постапка им одредил мерка притво во траење од триесет дена.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
