ФБИ: ДНК пронајдена на местото на убиството на Кирк му припаѓа на осомничениот Робертсон
ДНК примероците земени од два предмети пронајдени во близина на местото на убиството на влијателниот американски конзервативен активист, Чарли Кирк, се совпаѓаат со ДНК на осомничениот во притвор, соопшти денеска директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Пет дена по убиството што ја потресе Америка и ги врати на виделина нејзините политички поделби, истрагата се стеснува околу Тајлер Робинсон, 22-годишниот маж уапсен во четвртокот вечерта, кој досега не соработува со истражителите.
Полицијата собра многу докази, „вклучувајќи шрафцигер, што беше пронајден на покривот“ на кампусот на Универзитетот во Јута, каде што се наоѓал стрелецот.
– На местото на настанот е пронајден и пешкир завиткан околу снајперската пушка, изјави за „Фокс Њуз“ шефот на ФБИ, федералната полиција задолжена за истрагата.
„Денеска можам да објавам дека ДНК примероците на пешкирот завиткан околу огненото оружје и ДНК на шрафцигерот се совпаѓаат со трагите на осомничениот кој моментално е во притвор“, рече Кеш Пател.
Критикуван за своите постапки уште од почетокот на случајот, шефот на ФБИ ја спомена и пораката што осомничениот ја оставил пред да го изврши своето дело.
Осомничениот напишал: „Имам можност да го елиминирам Чарли Кирк и ќе ја искористам“, рече тој, додавајќи дека ФБИ има докази за таа порака, кои оттогаш се уништени.
Иако Тајлер Робинсон имал левичарска идеологија, според гувернерот на Јута, не е наведен конкретен мотив за ова убиство.
Осомничениот убиец, кој бил брилијантен ученик во средно училиште, бил воспитан во мормонска вера од родители републиканци. Тој се очекува утре да биде и официјално обвинет за убиството.
Убиството на Чарли Кирк, еден од најпопуларните млади влијателни лица на американската десница, означува повторно оживување на политичкото насилство во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека во недела ќе присуствува на комеморацијата во Аризона, на стадион со над 63.000 седишта.
МИА
Ново на Сител
-
Лажетиќ: Нашата сообраќајна некултура, едноставно ќе мора да се регулира, оној што не сака да се придржува на основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник
-
Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет
-
Путин: Русија постигнува успеси во сите области, политичката стабилност во моментов е најважна
-
Дисциплинска за 11 полицајци во Велес, не постапиле согласно законите на пријавите на убиената Росица
-
Среќата ја одбра Битола - нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија!
-
Тетовец на Мерцедес си вградил флешери и ги обoил со црвена боја регистарските таблички
-
По само една недела вандали ја распарале вреќата за бокс и ги уништиле реквизите на теретаната во Паркот на Франкофонијата
-
Приведен 39-годишен германец на ГП Табановце, кај него е најдена дрога