ФБИ има нови информации за напаѓачот кој се обиде да изврши атентат врз Трамп

Американскиот министер за правда и главен обвинител, Тод Бланч, соопшти Федералното биро за безбедност (ФБИ) открило нови информации за напаѓачот кој се обиде да изврши атентат врз Доналд Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија во 2024 година.
„Ова се нови информации за напаѓачот и за неговото потекло, за неговата историја и за работи што претходно не ги знаевме“, изјави Бланч пред новинарите на прес-конференција во Белата куќа, без притоа да открие повеќе детали.
Трамп беше ранет во увото на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, на 13 јули 2024 година. Тогаш 20-годишниот напаѓач Томас Метју Крукс од Пенсилванија пукаше од блискиот покрив, пред да биде ликвидиран од снајперисти на Тајната служба.
Во нападот загина и поддржувач на Трамп, а уште две лица беа ранети.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
