Фејсбук цензуирираше фотографија на статуа

Фејсбук се соочи со остри критики откако цензуираше фотографија на скулптурата на богот Нептун од 16. век, што се наоѓа на „Плоштадот на Нептун“ во италијанскиот град Болоња, под изговор дека е „сексуално експлицитна“.
Фотографијата беше објавена од локалната писателка Елиса Барбари. Таа ја избра скулптурата која го покажува Нептун гол, за илустрација на нејзината Фејсбук страна „Приказни, занимливости и погледи на Болоња“.
Во изјава за медиумите претставници на Фејсбук рекоа дека упоребата на оваа слика не била одобрена од страна на Фејсбук, затоа што „ја нарушува политиката на рекламирање“.
- Таа фотографија е експлицитна и покажува делови на тело кои не можат да бидат објавени. Употребата на голи делови на телото не можат да се објават дури ни ако станува збор за уметничка или едукативна содржина, наведе претставникот на социјалната мрежа.
Барбари индиректно одгововори на забраната со статус на својот Фејсбук профил: „Да за Нептун, не за цензурата“, објави „Дејли Телеграф“.
Таа изјави дека сакала да ја промовира својата страница, но дека очигледно Фејсбук смета дека Нептун „покажа премногу месо“.
- Сериозно, Нептун?! Ова е лудо. Како е можно да се цензурираат уметнички дела како што е Нептун, заклучи Барбари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
