-->
-->
Фејсбук до крајот на векот ќе стане најголемата виртуелна гробница
-->

Пред крајот на овој век на Фејсбук ќе има повеќе починати, отколку живи корисници, пресмета статистичарот Хачем Садики од Универзитетот во Масачусетс.
Тој до својата пресметка дошол со претпоставка дека ќе се намали растот на бројот на нови корисници и дека најголемата социјална мрежа ќе ја задржи сегашната практика, според која профилите на починатите остануваат активни.
Во моментов профил може да се избрише само ако некој ги има корисничките податоци на починатиот и сам го угасне.
Според проценките на Хачем, Фејсбук, кој сега има 1,5 милијарди корисници, до 2098 година ќе стане најголемата виртуелна гробница во светот.
Покрај тоа, проценките покажуваат дека само оваа година ќе починат 970.000 Фејсбук корисници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
