ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски,
„Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци. Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара“, соопшти ФФМ.
Ангеловски минатата недела остро го критикуваше раководството на ФФМ за одлуката Гоце Седлоски да биде назначен за нов селектор на националниот тим и побара ревизија на сите тренерски лиценци издадени од ФФМ, вклучувајќи ја и неговата, како и јавно да биде објавен регистарот во кој се запишани имињата на носителите.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Можно е заострување на казнената политика за пиротехнички средства
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

ДИК усвои финансиски план од 153,2 милиони денари и ги заокружи подготовките за локалните избори
-

Алиу - Тошковски: Граѓаните да не користат пиротехнички средства, тие не се играчка, последиците се сериозни
-

Поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот
-

Нема повредени патници во автобуската несреќа во Србија
-

Жена почина во Сараево откако дрво падна врз неа поради насобран снег
-

Царина спречи обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, тутун и живи птици
