Македонија
26. December 2025 - 12:19
Филипче: 2026-та ќе биде кризна година, со покачени цени, ниски плати и закочени евроинтеграции
Кризна 2026 година прогнозира лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.
Проценува дека државата наредната година ќе мора да се задолжи над 2 милјарди евра за да ги сервисира потребите на граѓаните. Дополнително, вели дека има стагнација во евроинтеграциите и нема прогрес во ниту една област.
На предновогодишниот брифинг Филпче за лошите состојби ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ја антидржавен елемент бидејќи владеела со криминал и корупција. Обвини и дека Мицкоски ги финансирал превирањата на СДСМ што сега ги правеле поранешни партиски функционери. Сепак, вели Филипче, тоа нема да ја спречи партијата да продлжи да објавува докумнети и сознанија за можни коруптивни дела на власта.
-->
-->
