Македонија
4. јуни 2021 - 16:43

Филипче бара од Србија олабавување на условите за ревакцина на македонските граѓани

Во пунктовите во Врање или Ниш ќе се ревакциниреаат македонските граѓани кои пред неполни 3 месеци ја примија првата доза Астра Зенека во Србија. Филипче информираше дека утринава разговарал со неговиот колега Лончар и согласно нивните технички можности деновиве точно ќе договореле и ќе соопштеле каде треба да одат нашите државјави од 17 до 20 јуни за ревакцина.

-Има расположение од српската страна тоа да се организира и тоа е во насока на нашите добрососедски односи, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

За повикот на српскиот претседател Вучиќ да се дозволи слободна вакцинација за македонските државјани на нивна територија и да имаат право на избор на вакцина министерот за здравство вели дека немале таков договор, туку го оцени како пријателски гест.

Бидејќи темпото за прва доза е намалено, Филипче уверува дека сите кои се вакцинирани ќе бидат ревакцинирани на закажаниот термин.

-Како доаѓа која било количина на вакцини половината се планира за прва доза, а другиот дел за втората доза. Тој процес воопшто не е ставен под знак прашање, имајќи ги предвид сите одложувања апропо најавите дека вакцините ќе стигнат во еден временски период, изјави Филипче.

До 10 јуни според најавите на здравствените власти треба да пристинат половина милион вакцини од кинески Синовак, како и поголема количина преку Ковакс и донации од ЕУ. За руски Спутник се уште нема конкретен датум.