Филипче ќе ја чека истрагата, па ќе одлучува дали ќе поднесе оставка
За сега министерот за здравство нема да си поднесе оставка. Вели дека не бега од одговорност, но ќе почека да заврши истрагата за несреќата каде загинаа 14 лица на возраст од 29 до 79 години. Потоа ќе донесе одлука.
Кој е виновен за трагедијата, дали се почитувале сите стандарди за изградба и одржување на модуларната болница и зошто имало придружба на лица кои не се ковид пациенти? Филипче без прецизен одговор. Ја покажа документација за набавка на сите вградени материјали, за кои вели дека биле запазени сите стандарди, но како се одржувала потоа, ќе покаже истрагата.
Министерот дециден – посети во инфективните одделенија се забранети во сите болници. Што барале роднините во 21 часот, дали биле на посета или во придружба на пациентите, нема одговор.
Инаку во истрагата ќе бидат вклучени и експерти од странство. Според министерот Филипче, зависно од резултатите на истагата, од одговорност никој нема да биде изземен.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
