До крајот на годината Сејф сити и во Струмица
Струмица е следниот град што треба да стане дел од системот Сејф сити.
Исто како и во главниот град, проектот предвидува воведување на паметни камери и дигитални софтверски решенија, кои ќе овозможат континуирано следење на сообраќајот, автоматска детекција на прекршоци и поефикасно управување со сообраќајните текови, но и поголема безбедност. Според најавите, системот треба да биде целосно воспоставен до крајот на годината.
Директорот на Бирото за јавна безбедност информираше дека локациите кои ќе бидат опфатени ќе се утврдуваат во координација со Општината, со цел да се избегне дуплирање со министерството, но и за да се искористат сите расположливи ресурси и да се оптимизира нивната употреба.
Планот е, освен Струмица, до крајот на годината да бидат опфатени и поголемите градови во државата, со што постепено ќе се проширува опфатот на системот.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
