Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
Со апсолутно мнозинство професорот Никола Јанкуловски е избран за претседател на Лекарската комора.
Тој беше единствен кандидат.
Рече дека ќе се залага за повисоко етаблирање на комората на домашно и меѓународно ниво како и за поголема транспарентност и отчетност за сработењето, а во советодавната улога во државата да бидат поактивни, поупорни и поуспешни во носењето на законите од областа на здравството.
- И уште еден сегмент кој што не го спомнав, да дојде до едно поинтензивно спојување нпомеѓу лекарите кои се постари со поголемо искуство да можат да го пренесат своето искуство на помладите и на тој начин да можат да бидат формирани генерации кои што ќе бидат спремни за сите предизвици во здравството, изјави проф. д-р Никола Јанкуловски, претседател на Лекарска комора.
Претседателот на Лекарската комора има 4 годишен мандат.
Делегатите избраа и тројца протпретседатели за примарно, секундарно и терциетно здравство како и повеќе органи и комисии.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
