Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи, како што истакна, неговата главна цел е да продолжи да се бори за „заздравување на општеството, искоренување на корупцијата и враќање на државата на европскиот пат“.
На прес-конференција Филипче нагласи дека тековните критики кон него и кон партијата доаѓаат од, како што рече, „поединци, кои се уценети или купени“ додавајќи дека вистинските членови на СДСМ и поддржувачите ги препознаваат тие обиди да се ослаби опозицијата.
- Јас верувам во ова што го правам. Човек сум што работи прецизно и добро пресметав пред да се нафатам на ова. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите и да влеземе во Европската Унија. Тоа е мојата стратешка цел - изјави Филипче.
Тој додаде дека опозициската борба ќе продолжи интензивно потенцирајќи дека земјата, според него, е економски пред бездна и дека актуелната влада ја води државата кон изолација.
Филипче истакна дека СДСМ останува целосно обединета партија, со синхронизирана и компактна пратеничка група, а дека процесот на внатрешна консолидација во општинските организации е во тек.
- Мојата работа се темели на чесни намери и верувам дека ако граѓаните ни ја дадат довербата на следните избори, можеме да ја водиме државата како вистинска европска демократија, без корупција - додаде тој.
Воедно, Филипче најави дека политичката партија ПОЕН на Рубин Земон ќе се приклучи кон СДСМ.
МИА
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
