ФИНКИ на УКИМ и медицина на тетовскиот универзитет прв избор на студентите
Бројот на студенти се зголемил за 4, 2 отсто минатата академска година. Најголем број од матурантите ги избрале државните универзитети, повеќе од 77 проценти од вкупниот број новозапишани.
Прв на листата е „Св.Кирил и Методиј“ каде се запишале 21.448. Најголем интерес според податоците на ДЗС имало за на ФИНКИ 4.468 нови студенти.
Најатрактивен на државните универзитети и натаму е Медицинскиот факултет, најголем број студенти по медицина има на Тетовскиот универзитет, вкупно 3.309, а потоа следува Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со 3.149 студенти и на крај е Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје со 2.898 студенти.
И на сродните факултети интересот е голем, па така на Фармацевтскиот факултет при УКИМ годинава има 816 студенти, додека на Стоматолошкиот 460.
По најстариот универзитет, најголем интерес имало за факултетите на тетовскиот универзитет, каде минатата академска година се запишале вкупно 7.918 студенти. Од нив 5.134 се жени.
Од приватните универзитети најбаран е Југоисточноевропскиот универзитет во Тетово каде се запишале 2.088 студени, следен е Американ колеџот а трет на листата ФОН.
На верските факултети на Православниот во Скопје нови 81 студент се запишале од минатата година, а на Факултетот за исламски науки 248 студенти.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
