Бизнис
3. July 2025 - 19:47

Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања

Внимателно со најавените задолжувања. Договорот со Обединетото Кралство од 2 милијарди евра може да го зголеми јавниот долг и да го поткопа економскиот раст, оценува Фискалниот совет.

Во недостиг на точна сума колкав ќе биде заемот, советот со 2 сценарија – Поголемо задолжување, по околу 670 милиони евра годишно, на пократок рок, носи ризик од повисока инфлација, платнобилансен дисбаланс и јавен долг од скоро 65 отсто.

Второ сценарио, со поумерено задолжување од 400 милиони евра годишно, на подолг рок е поодржливо и носи помалку ризици.

- Јавниот долг би достигнал 63%, ако задолжувањето е поумерено и се однесува од 2027 до 2032 година. Притоа клучно е дефицитот на тековните приходи и расходи во тој период да конвергира кон нула, изјави Глигор Бишев, претседател на Фискален совет

Од Фискалниот совет со порака до власта – пред секое поголемо задолжување да има јавна расправа. За секој погоелем инвестициски проект да има кост-бенефит анализа.

Приоритет за секоја власт треба да биде транспарентноста, отчетноста и контролата како и на што се трошат јавните пари,додаваат од советот. Само на тој начин би се постигнала макроекономска стабилност,  долгорочен раст и одржлив долг.