Физиотерапевтите со оштетен вид бараат подобар третман од државата
Од недостаток на материјали со брајово писмо во текот на образованието до слаб интерес за нивно вработување, ова се само дел од проблемите со кои се соочуват физиотерапевтите со оштетен вид. Поради недостаток на аудио материјали и соодветни книги за продолжување на високо образование учат со помош на родителите кои се принудени да им го читаат материјалот . За да се надмине ваквата состојба потребно е системско решавање на проблемите, велат од националниот сојуз на слепи додавјаки дека за носењето на секој документ кој се однесува на нив мора да бидат вклучени и тие самите.
,, Не може ни еден закон, правилник, акт, позитивен пропис, било каков документ да се донесе без консултација со слепите лица. Некој што седи дали е тоа во министерство, дали е во некоја владина институција, организација, не може да знае подобро од самото слепо лице. Така да слепите лица пред се мора да бидат консултирани за сите акти , треба да се земат искуствата на земјите од регионот. И тоа како имаме позитивна практика, да не зборуваме за скандинавските земји.
Дополнителен проблем за слепите лица претставува и честото менување на програмите, посебно за средното и основно образование.
,, Во основното и средното образование можеме да кажеме дека во последно време материјалите се достапни на брајово писмо, меѓутоа сето тоа можеме да кажеме дека државата воопшто не поведува сметка, туку сето тоа е од приватни проекти, донатори, партнер организации. И проблемот е тоа што програмите за основно и средно образование многу често се менуваат, па таман ќе се изготват книги на брајово писмо достапни за оваа категорија на граѓани одма се сменила програмата за образование и лицата веќе немаат можност за достапна книга.
Во Македонија во моментов има околу 50 физиотерапевти со оштетен вид. Дел од нив заедно со нивните колеги од неколку земји од регионот беа дел од меѓународна конференција на која дебатираа за предизвиците, потребите и условите во професијата физиотерапевт со оштетен вид во земјите од западен Балкан.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
