Фудбал
26. јуни 2025 - 12:18

ФК Силекс и Општина Кратово организираат заедничко гледање на натпреварот со Дечиќ

ФК Силекс во соработка со општина Кратово на 10 јули на платото пред Домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово организира заедничко гледање на првиот натпревар  од квалификациите за Конференциската лига на Силекс со Дечиќ кој се игра во Тузи, Црна Гора.

Натпреварот ќе започне од 20:00, затоа сите симпатезери на клубот се замолуваат да дојдат пола саат пред почетокот на натпреварот (19:30).